Задолжителниот фонд со принос од 6,86%

Bez autora
Feb 02 2012

Членовите на задолжителниот и на доброволниот пензиски фонд на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, ги добија годишните извештаи за состојбата на средствата на нивните сметки за 2011 година. Во задолжителниот фонд членуваат 156.412 лица, кои лани во просек во Фондот уплатиле по 1.582 денари. На крајот на минатата година задолжителниот пензиски фонд на КБ Прво пензиско друштво располагал со нето средства во висина од 8.583.887.871 денари, а за периодот од 31 декември 2008 до истиот датум лани остварен е просечен годишен принос од 6,86%. Скоро половината од средствата на овој фонд, или 49,76%, се вложени во домашни државни еврообврзници, а 19, 68% во странски хартии од вредност. Доброволниот, или трет пензиски столб, има 8.370 членови, располага со нето средства од 40.057.917 денари, а просечниот принос за периодот од 31 декември 2009 до крајот на 2011 година изнесува 6,02%. Секој член на овој фонд во просек уплатил по 1.326 денари.

Задолжителниот фонд со принос од 6,86%Членовите на задолжителниот и на доброволниот пензиски фонд на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, ги добија годишните извештаи за состојбата на средствата на нивните сметки за 2011 година.

Во задолжителниот фонд членуваат 156.412 лица, кои лани во просек во Фондот уплатиле по 1.582 денари. На крајот на минатата година задолжителниот пензиски фонд на КБ Прво пензиско друштво располагал со нето средства во висина од 8.583.887.871 денари, а за периодот од 31 декември 2008 до истиот датум лани остварен е просечен годишен принос од 6,86%. Скоро половината од средствата на овој фонд, или 49,76%, се вложени во домашни државни еврообврзници, а 19, 68% во странски хартии од вредност.

Доброволниот, или трет пензиски столб, има 8.370 членови, располага со нето средства од 40.057.917 денари, а просечниот принос за периодот од 31 декември 2009 до крајот на 2011 година изнесува 6,02%. Секој член на овој фонд во просек уплатил по 1.326 денари.

- Нашата задача останува да бидеме лидер и да се стремиме со голем напор да им обезбедиме на македонските граѓани повеќе пари за во пензија. Јас ви ветувам дека тимот на КБ Прво безрезервно ќе продолжи да ги бара сите разумни можности за да го зголемиме приносот на пензискиот фонд со преземање на прифатлив ризик преку светски докажани техники - изјави генералниот директор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Јанко Тренкоски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik